Претседателот Ердоган објави порака по повод 566-та годишнина од освојувањето на Истанбул

Претседателот Ердоган во својата порака по повод одбележувањето на 566-та годишнина од освојувањето на Истанбул на 29 мај во 1453 година, истакна дека овој настан претставува една од највеличествените победи во историјата

1210298
Претседателот Ердоган објави порака по повод 566-та годишнина од освојувањето на Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод одблежувањето на 29 мај, 566-та годишнина од освојувањето на Истанбул.

Ердоган во својата порака истакна дека освојувањето на Истанбул во 1453 година со кое беше затворен средниот век, а беше отворен новиот век и со кое со постигнатите политички и социокултурни резултати беше променет текот на светската историја, претставува една од највеличествените победи во историјата.

„Верувањето, одлучноста и еланот со кој што располагаа Фатих Султан Мехмет и неговите јуначки војници при освојување на Истанбул, како настан кој што беше предвиден и пофален од страна на нашиот сакан Пејгамбер, денеска кај нас буди инспирација на патот за водење на Турција кон целите во 2023, 2053, и 2071 година.“ - напиша Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака освојувањето на Истанбул го окарактеризира како „еден од највеличествените победи во историјата со кое беше затворен средниот, а беше отворен новиот век и чии политички и социокултурни резултати го променија текот на светската историја“.

Ердоган напиша дека со толеранцијата и праведната власт на Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот), Истанбул стана центар во кој живеат заедно, во соживот, различни верувања и култури.



Слични вести