Денеска се одбележуваат 566 години од освојувањето на Истанбул

Освојувањето на Истанбул од страна на Фатих Султан Мехмет на 29 мај 1453 година, пред точно 566 години го промени текот на светската историја

1210445
Денеска се одбележуваат 566 години од освојувањето на Истанбул

Османлиската Империја своето вистинско ширење и зајакнување го постигна со освојување на Византиските територии.

Како резултат на освојувањата кои што беа реализирани, ѝ на териториите на Анадолија, ѝ на териториите на Румелија, Византија стана град-држава која се состоеше само од Истанбул.

Во 1453 година османлискиот султан Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот) увиде дека тоа што Истанбул се наоѓа во рацете на Византија претставува опасност за безбедноста на Османлиската држава и со голема војска го зеде под опсада Истанбул. За време на опсадата која што траеше долго време технологијата и топовите кои што ги користеше Османлиската војска овозможија на 29 мај 1453 година конечно да биде освоен Истанбул.

Потоа Истанбул стана престолнина на Османлиската Империја.

Освојувањето на Истанбул воедно претставува крај на средниот век и почеток на новиот век. Овој настан влијаеше длабоко на историјата на светот и истовремено ги поттикна реформите и ренесансата на Запад.



Слични вести