Турција ги информира земјите на ЕУ во врска со својата политика во Источниот Медитеран

Функционери на МНР на Турција, во Брисел, одржаа средба со функционерите одговорни за проширување и Турција на постојаните претставништва на земјите членки на Европската унија (ЕУ) на која ги информираа во врска со Источниот Медитеран

1209571
Турција ги информира земјите на ЕУ во врска со својата политика во Источниот Медитеран

Турција ги информира земјите на Европската унија (ЕУ) во врска со својата политика во Источниот Медитеран.

Функционери на турското Министерство за надворешни работи во главниот град на Белгија, Брисел, одржаа средба со функционерите одговорни за проширување и Турција на постојаните претставништва на земјите членки на Европската унија (ЕУ) на која ги информираа во врска со Источниот Медитеран.

Генералниот директор за билатерални политички прашања и поморско-воздушни граници при Министерството за надворешни работи амбасадорот Чагатај Ерџијес истакна дека активностите на Турција во врска со јаглеводородните ресурси во Источниот Медитеран произлегуваат и се потпираат на нејзините легитимни права.

Привлекувајќи внимание дека соопштението кое што го објави претходно Европската унија (ЕУ) во врска со активностите на Турција во источниот Медитарен ги содржи едностраните тврдења, амбасадорот Ерџијес рече: „Европската унија (ЕУ) може да упати повик до Турција да ги почитува суверените права на една нејзина земја членка, меѓутоа не може да ја присили Турција да ги прифати тврдењата на една земја членка на Европската унија (ЕУ) во врска со поморските граници. Тоа не е во усогласеност со меѓународното право.“

Амбасадорот Чагатај Ерџијес привлече внимание дека Европската унија (ЕУ) тогаш кога се доживуваат слични проблеми во врска со поморското право помеѓу други земји членки, не презема улога на арбитража од овој вид и дека тоа е нов вид на приод.

Тој воедно подвлече дека ставот на Европската унија (ЕУ) не е во усогласеност со меѓународното право.



Слични вести