Претседателот Ердоган им посака успех на турските војници во операцијата „Шепа“ на северот на Ирак

Претседателот Ердоган им посака успех на турските војници кои ја започнаа прекуграничната воздушна и копнена операција „Шепа“  против сепаратистичко-терористичката организација ПКК која е вгнездена на северот на Ирак

1209717
Претседателот Ердоган им посака успех на турските војници во операцијата „Шепа“ на северот на Ирак

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде значајни изјави во врска со операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) против терористите во областа Хакурк во северниот дел на Ирак.

Ердоган им посака успех на турските војници кои ја започнаа прекуграничната воздушна и копнена операција „Шепа“  против сепаратистичко-терористичката организација ПКК која е вгнездена на северот на Ирак. 

Претседателот Ердоган во пораката што ја сподели преку социјалната медија напиша: „На нашите јуначки војници (Мехметчик) кои не и дозволуваат на терористичката организација ПКК ниту да трепне, им посакувам успех во оваа тешка прекугранична  операција. Нашите молитви (дови) се со вас. Аллах нека ви биде на помош.“

Во објавеното соопштение утрово од Министерството за национална одбрана беше соопштено дека во рамките на Планот на операцијата „Шепа“ вчера попладне од страна на топовските батерии на Копнените сили и Командата на воздушните сили беше отворен оган и беа бомбардирани терористичките гнезда во северниот дел на Ирак, а потоа од страна на командоска бригада беше започната прекугранична копнена операција.



Слични вести