Неутрализирани двајца терористи од кои еден од „портокаловата категорија“ на барани терористи

Во руралното подрачје на граот Сиирт се неутрализирани двајца терористи од кои едниот се наоѓал во „портокаловата категорија“ на барани терористи и по кого е распишана награда од 600 илјади турски лири (приближно 100 илјади долари)

1209504
Неутрализирани двајца терористи од кои еден од „портокаловата категорија“ на барани терористи

Во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Тилло кај ргадот Сиирт се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои еден од  „портокаловата категорија“ на барани терористи.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност кои што се реализираат од страна на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на селото Чинарлису во населеното место Тилло кај градот Сиирт се неутралиизрани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Притоа е установено дека едниот од неутрализираните терористи бил терористот Наиф Марал познат под кодното име „Ферман Габар“ кој се наоѓа во „портокаловата категорија“ на барани терористи и по кого е распишана награда од 600 илјади турски лири (приближно 100 илјади долари).



Слични вести