Хрватска за време на претседателствувањето со ЕУ сериозно ќе се залага за зачленување на Турција

Амбасадорот на Хрватска во Анкара Хрвоје Цвитановиќ истакна дека Хрватска во првите 6 месеци од наредната (2020) година ќе стане претседавач со Европската унија (ЕУ) и притоа сериозно ќе се залага за зачленување на Турција во ЕУ

1209699
Хрватска за време на претседателствувањето со ЕУ сериозно ќе се залага за зачленување на Турција

Амбасадорот на Хрватска во Анкара Хрвоје Цвитановиќ го посети во неговата канцеларија валијата на градот Ескишехир Оздемир Чакаџак и овде даде значајни изјави за новинарите.

Потсетувајќи дека неговата земја во првите 6 месеци од идната (2020) година ќе стане претседавач со Европската унија (ЕУ), Цвитановиќ рече: „Хрватска во текот на нејзиното претседателствување ќе има потреба од поддршката на Турција. Во овој процес Хрватска сериозно ќе се залага за зачленување на Турција во ЕУ.“

Тој се осврна и на прашањето во врска со економската соработка помеѓу Турција и Хрватска, во врска со што истакна дека Хрватска ќе и нуди мошне сериозни шанси на Турција по прашањето на нејзиниот пристап и поврзувањето со цела Европа.

„Не само во трговска смисла, ќе обезбеди придонес и во смисла на пристапот. Хрватска од се срце ќе ги отвори своите врати за влезот на Турција. Ќе чувствуваме радост за приемот на Турција.“

Валијата на градот Ескишехир Оздемир Чакаџак изрази задоволство од тоа што го пречекува хрватскиот амбасадор Хрвоје Цвитановиќ во Ескишехир.

Велејќи дека одмносите помеѓу Турција и Хрватска со секоја измината година се развиваат уште повеќе, Чакаџак напомена дека помеѓу двете земји постои силна соработка.



Слични вести