Ирачкиот претседател Салих приквечер во Истанбул ќе се состане со претседателот Ердоган

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтин соопшти дека ирачкиот претседател Бархам Салих денеска во вечерните часови во Дворецот Вахдеттин во Истанбул ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1209747
Ирачкиот претседател Салих приквечер во Истанбул ќе се состане со претседателот Ердоган

Ирачкиот претседател Бархам Салих денеска ќе допатува во работна посета на Турција.

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтин соопшти дека ирачкиот претседател Бархам Салих денеска во вечерните часови во Дворецот Вахдеттин во Истанбул ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Алтун на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со денешната посета на ирачкиот претседател Бархам Салих на Турција во која напиша: „На средбата ќе се разговара за билатералните односи и регионални прашања. По средбата почитуваниот претседател и неговата ценета сопруга Емине Ердоган ќе приредат ифтарска програма во чест на почитуваниот Бархам Салих и неговата уважена сопруга.“



Слични вести