Честитка од Ердоган до новата влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Претседателот Ердоган им честита и посака успех на премиерот Ерсин Татар и вицепремиерот и министер за надворешни работи Кудрет Озерсај во новоформираната влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1208476
Честитка од Ердоган до новата влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и вицепремиерот и министер за надворешни работи Кудрет Озерсај. 

Ердоган им честиташе на Татар и Озерсај за формирањето на новата влада.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор им честита и посака успех на Ерсин Татар и Кудрет Озерсај кои по постигнатиот договор за состав на коалициона влада помеѓу Партијата за национално единство (УБП) и Народната партија (ХП) ги презедоа функциите премиер и вицепремиер и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во телефонскиот разговор стана збор и за билатералните односи и последните случувања во Источниот Медитеран.



Слични вести