Ердоган предупреди во врска со неправедната распределба на приходите во светот

Претседателот Ердоган привлече внимание дека од една страна во Соединетите Американски Држави (САД) и Европа потрошувачката достигна до неверојатно големи димензии, а од друга во Азија и Африка децата умираат од глад.

1207064
Ердоган предупреди во врска со неправедната распределба на приходите во светот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 12. состанок на Работното собрание на Трговската комора на Анкара (АТО).

Притоа Ердоган привлече внимание дека од една страна во Соединетите Американски Држави (САД) и Европа потрошувачката достигна до неверојатно големи димензии, а од друга во Азија и Африка децата умираат од глад.

„Дури и во периодите кога вееја најсилните бури во глобалната економија ние успеавме да застанеме цврсто исправени на нозе. И денеска, и покрај сите економски напади на кои што сме подложени, продолжуваме да напредуваме кон нашите поставени цели.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека се одлучни со економска програма фокусирана на производството, растот и вработувањето Турција да биде доведена во една од 10'те најголеми економии во светот, претседателот Ердоган рече: „Тоа ќе го успееме заедно со сите страни во нашиот деловен живот.“

Тој нагласи дека неправдата исто како во секоја сфера претставува најголем проблем и во деловниот живот.

„Ние кога велиме дека светот е поголем од пет, освен загриженоста од безбедност, привлекуваме внимание и кон неправдата. Од една страна Соединетите Американски Држави (САД) и Европа каде потрошувачката достигна до неверојатно големи димензии. Од друга Азија и Африка каде децата умираат од глад. Светот не може да носи долго време една ваква искривоколченост.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести