Чавушоглу одликуван со највисокото јапонско признание „Орденот на изгрејсонцето со златни зраци“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу од страна на јапонскиот император Нарухито е одликуван со највисокото јапонско државно признание орденот „Ред на изгрејсонцето со златни зраци и долга лента“

1206449
Чавушоглу одликуван со највисокото јапонско признание „Орденот на изгрејсонцето со златни зраци“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу е одликуван од страна на јапонскиот император Нарухито со највисокото јапонско државно признание орденот „Ред на изгрејсонцето со златни зраци и долга лента“.

Според добиени информации од дипломатски извори, на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу заради неговите заслуги и обиди за зајакнување на билатералните односи и развој на пријателството помеѓу Турција и Јапонија, од страна на јапонскиот император Нарухито му е доделен орденот „Ред на изгрејсонцето со златни зраци и долга лента“.

Исти извори соопштуваат дека највисокото јапонско државно признание орденот „Ред на изгрејсонцето со златни зраци и долга лента“ ќе му биде врачено на министерот Чавушоглу во наредните денови со церемонија. 

Мевлут Чавушоглу кој за време на неговата должност како претседател на Турско-јапонската парламентарна пријателска група и функцијата министер за надворшени работи воспостави блиски односи со јапонските политички средини, освен тоа што чувствува блиска заинтересираност кон јапонската култура воедно зборува и на јапонски јазик.

Инаку, орденот „Ред на изгрејсонцето со златни зраци и долга лента“ претходно им беше доделено на покојниот турски премиер Аднан Мендерес во 1958 година, на покојниот министер за надворешни работи Фатих Рушту Зорлу и на Кемал Дервиш во 2009 година откако ја заврши својата функција претседател на Програмата за развој на Обединетите нации (ОН).



Слични вести