Хулуси Акар: Франција и предложи на Турција да и продаде противвоздушно одбранбени системи SAMP-T

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Франција и предложила на Турција да и продаде противвоздушно одбранбените системи SAMP-T

Хулуси Акар: Франција и предложи на Турција да и продаде противвоздушно одбранбени системи SAMP-T

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа се состана на ифтар со претставниците на пишаните и аудио-визуелните медиуми во Анкара.

На ифтарот во Министерството за национална одбрана, Акар во говорот што го одржа во оваа пригода се осврна на предлогот на Франција доставен до Турција за продавање на противвоздушно одбранбените системи SAMP-T.

Во врска со тоа Хулуси Акар рече: „Тие (Французите) предложија да распоредат во Турција една батерија SAMP-T. Предложија да исвршат истражувања во Кахраманмараш и во воздушната база Инџирлик во Адана. Работиме на ова прашање.“

Во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ќе бидат купени од Русија пак, на потсетување за вестите околу тоа дека персонал на Турските вооружени сили (ТВС) замина на обука во Русија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Вистина е тоа дека ние испративме и ќе испратиме во наредните месеци наш персонал во Русија за обука за С-400. Овие бројки постојано се менуваат. Тие почнаа да добиваат обука. Тоа ќе продолжи и во наредните месеци.“



Слични вести