Ердоган потенцираше на праведноста

Турција на сите меѓународни платформи јавно го изнесе ставот дека светот е поголем од 5

1206175
Ердоган потенцираше на праведноста

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека е неправедна структурата на светот чија иднина е осудена на зборовите на лидерот на една земја.

Во говорот на манифестацијата што беше одржана по повод извлекувањето на ждрепките за назначување на судиите и јавните обвинители во Конгресниот и центар за култура Бештепе Милет, претседателот Ердоган рече:

„Неправедна е структурата која го брани ставот дека светот не е поголем од 5 и е осуден на зборовите на лидерот на една земја. Моментално дали има правда во Аракан, Либија, Палестина, Ерусалим? Сите оние кои што го изнесуваат ставот дека делат правда, за жал освен само што делат совети и препораки, го залажуваат светот.

Турција на сите меѓународни платформи јавно го изнесе ставот дека светот е поголем од 5.

Овој став претставува барање за правда. 5-те постојани и 15 привремени земји членки на Советот за безбедност на ОН, која организација се состои од 196 земји наводно дели правда. За жал тоа не е така. Впрочем нема правда,

Во позадината на отворањето на нашите порти за милиони луѓе кои што побегнаа од масакрите и судирите во своите земји, лежи почитта кон правдата и човекот“ рече Ердоган.



Слични вести