19-ти мај е ден кој Турција го одбележува со голема гордост

Неприфатливи се изјавите на некои радикални групи во Грција за засенчување на овој значаен ден

1205779
19-ти мај е ден кој Турција го одбележува со голема гордост

Министерството за надворешни работи соопшти дека се неприфатливи наводните и искривени тврдења на некои радикални групи во Грција во врска со 19 мај 1919 година, датумот кога започна Народноослободителна борба на турскиот народ. Нивните тврдења се насочени кон засенчување на овој празник, претставуваат плод на фантазија насочен кон турската историја, како и кон поттикнување на омразата и искористување од страна на некои политичари како мотив за внатрешната политика. МНР во соопштението кое го објави со изнесување детали од историските настани, одржа лекција по историја.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на министерството беше истакнато дека 19 мај 1919 година е датум кога започна Народноослободителната борба и формирањето на Република Турција. Празникот продолжува да се слави секоја година како во земјава така и во странство. Тоа е датум кој се одбележува со голема гордост.

Неприфатливи се изјавите на некои радикални групи во Грција за засенчување на овој значаен ден, нивните фикции насочени кон нашата историја, активностите за поттикнување на омразата како и изјавите на некои грчки политичари мотивирани од внатрешната политика, а кои претставуваат обид за искривување на историјата и историските факти.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МНР а кое се однесуваше на сопствениците на нереалните тврдења се алудираше на Договорот од Лозана со кој се потврдува окупацијата на грчката војска на Анадолија, која водеше незаконски масакри и убиства, поради што беше осудена на обесштетување.

Кога нивото на масакрите на окупаторските грчки војски над Турците достигнаа неверојатни димензии, самите земји сојузнички на Грција формираа Истражна комисија, поради што потенцираме на нечовечните кривични дела на грчката војска кои беа утврдени од страна на комисијата.



Слични вести