Воздушна операција на северот на Ирак: Уништени се цели на терористичката ПКК

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во реализирана воздушна операција на областа Авашин-Басјан, на северот на Ирак, се уништени наоружани позиции, засолништа и скривници на сепаратистичко- терористичката организација ПКК

1205117
Воздушна операција на северот на Ирак: Уништени се цели на терористичката ПКК

Во реализирана прекугранична воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак, се уништени наоружани позиции, засолништа и скривници на сепаратистичко- терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, турски воени авиони реализираа воздушна операција на областа Авашин-Басјан, на северот на Ирак.

Во операцијата беа уништени цели кои од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК биле користени како наоружани позиции, засолништа и скривници.



Слични вести