Турските воени бродови укотвени во Мармарис ги отворија своите врати за посетителите

Воените бродови ТЏГ Јилдиримк, ТЏГ Ѓокчеада, ТЏГ Мелтем, ТЏГ Појраз и ТЏГ Едремит кои се укотвија во познатото туристичко одморалиште Мармарис кај градот Мугла, ги отворија своите врати за посетителите

Турските воени бродови укотвени во Мармарис ги отворија своите врати за посетителите

Продолжува воената вежба „Морски волк 2019“ која со учество на 131 брод, 57 авиони и 33 хеликоптери, истовремено се реализира на три мориња кои го обиколуваат Анадолското копно (Црното Море, Источниот Медитеран и Егејското море) и која е едната од најголемите планирани воени поморски вежби во историјата на Републиката.

Воената вежба „Морски волк 2019“ започна на 13 мај, а ќе заврши на 25 мај.

Во тие рамки се отворени за посетителите воените бродови ТЏГ Јилдиримк, ТЏГ Ѓокчеада, ТЏГ Мелтем, ТЏГ Појраз и ТЏГ Едремит кои се укотвија во познатото туристичко одморалиште Мармарис кај градот Мугла.

На оние кои ги посетуваат воените бродови од составот на Командата на поморските сили, укотвени во пристаништето Круиз Порт во Мармарис и во заливот на Мармарис, од страна на воените персонал им се доставуваат информации.

На посетителите освен тоа што им се доставуваат информации во врска со карактеристиките и способностите на воените бродови, воедно им се доставуваат информации и во врска со деловите кои ги посетуваат.

Воените бродови ќе можат да се посетат до 23 мај во четврток и тоа од 10:00 до 12:00 часот и од 14:00 до 17:00 часот според турско време.



Слични вести