Претседателот Ердоган го прими генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими во дворецот Хубер во Истанбул генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев

1205116
Претседателот Ердоган го прими генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими во дворецот Хубер во Истанбул генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев на кого му посака успех за време на неговата функција генерален секретар на Турскиот совет на која беше назначен со донесената одлука на одржаниот 6. Самит на Турскиот совет што се одржа во Киргистан.

Ердоган побара поддршка од Турскиот совет за доделување на статус на земја посматрач на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во Советот.

Нагласувајќи декас единството и заедништвото на турскиот свет секогаш се наоѓаат меѓу неговите приоритети, Тој напомена дека исто така му придава значење и на зајакнувањето на соработката на Турскиот совет со другите земји и со меѓународните организации.

Претседателот Ердоган укажа на тоа дека со таа цел ги поддржува работите за добивање на статус на посматрач во Организацијата за исламска соработка (ОИС) и дека воедно очекува поддршка за доделување на статус на земја посматрач на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во Турскиот совет.

Тој истакна дека ги следи одблизу и подготовките за 7. Самит на Турскиот совет што ќе се одржи во октомври во Азербејџан и продолжи со следните зборови: „Ние сме на страната Парламентарната асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА) да продолжи како меѓународна организација. Мислиме дека ќе биде погодно да се зачува специјалниот статус на Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ) и со нејзината постоечка градба да остане во Анкара.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека Турција е спремна да ги поддржи предлозите за избор на Казахстан и Азербејџан по прашањето на Меѓународната турска академија со седиште во Нур-Султан и Фондацијата за турска култура и турско наследство со седиште во Баку.

Тој истакна дека лидерството на Нурсултан Назарбаев одигрува голема улога, како во развојот на билатералните односи со Казахстан, така и во формирањето и развојот на Турскиот совет.

Велејќи дека и во наредниот период ќе постои потреба од драгоцените мислења и длабокото искуство на Назарбаев, Ердоган рече: „Поаѓајќи од тој начин на сфаќање, поредложив господинот Назарбаев да стане почесен претседател на Турскиот совет. Со големо задоволство дознав дека овој наш предлог е прифатен од страна на сите земји членки.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека за време на самитот на Турскиот совет што ќе се одржи во октомври би можело да се одржи церемонија по ова прашање.



Слични вести