Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу примен кај претседателот на Гватемала Џими Моралес

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во официјална посета на Гватемала каде што беше примен кај претседателот на оваа латиноамериканска држава Џими Моралес

1204936
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу примен кај претседателот на Гватемала Џими Моралес

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во официјална посета на Гватемала каде што ќе учествува на 3. Политички форум на министрите за надворешни работи на Турција и земјите од Системот за интеграција на Централна Америка (SICA).

Чавушоглу во тие рамки беше примен кај претседателот на Гватемала Џими Моралес.

На средбата што се одржа во Националниот културен дворец во главниот град Гватемала, присуствуваа и министерката за надворешни работи на Гватемала Сандра Жовел и амбасадорот на Турција во Гватемала Сулејман Ѓокче.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потоа свечено ја отвори новата зграда на амбасадата на Турција во Гватемала.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, министерот Чавушоглу истакна дека долго време како постојат билатерални односи помеѓу Турција и Гватемала и рече: „Амбасадата ќе ги зајакне уште повеќе односите помеѓу нашите земји.“

„Гватемала е едниот од најзначајните стратешки партнери на Турција во Латинска Америка.Односите помеѓу двете земји напредуваат. Продолжуваат да растат нашите односи во секоја сфера, а пред се во економијата и културата.“ - порача Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу воедно најави дека во блиско време ќе биде отворена амбасада и во Уругвај, при што во врска со присуството на Турција во овој дел на светот ја изнесе следната констатација: „Турција е мошне активна во цела Латинска Америка и на Карибите и тоа не само со мисиите во склопот на нашето министерство, туку и со нашите институции како што е Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).“



Слични вести