Министерот Акар разговараше телефонски со својот руски колега Шојгу за последните случувања во Идлиб

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Акар разговараше телефонски со својот руски колега Шојгу посветен на последните случувања во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1204630
Министерот Акар разговараше телефонски со својот руски колега Шојгу за последните случувања во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Акар разговараше телефонски со својот руски колега Шојгу посветен на последните случувања во подрачјето на градот Идлиб во Сирија. 

Во телефонскиот разговор беа разгледани регионални безбедносни прашања на чело со последните случувања во подрачјето на градот Идлиб и мерките кои што жќе бидат преземени за намалување на затегнатоста во регионот, а во рамките на потпишаната спогодба во Сочи на 17 септември 2018 година. 

Телефонскиот разговор беше остварен во период кога  режимските сили составени од армијата на режимот на Бешар Асад и терористичките групи подржани од Иран ги интензивираат нападите врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

 



Слични вести