Турските вооружени сили ги продолжуваат операциите против терористите во земјата и преку границата

Турските вооружени сили (ТВС) ги продолжуваат со одлучност операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и внатре во земјата и преку границата

1204002
Турските вооружени сили ги продолжуваат операциите против терористите во земјата и преку границата

Продолжуваат операциите на Турските вооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Во рамките на операциите кај градот Ширнак во југоисточниот дел на земјата во близина на турско-ирачката граница се неутрализирани двајца терористи, а двајца терористи им се предадоа на безбедносните сили. 

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност о областа на реката Несеб во селото Ѓулешли кај градот Ширнак се неутрализирани двајца терористи. 

Во соопштението се вели дека операциите во подрачјето продолжуваат.

Во меѓувреме, двајца терористи од кои една жена кои избегале од камповите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак им се предадоа на безбедносните сили во населеното место Силопи кај градот Ширнак, во непосредна близина на турско-ирачката граница.

Во реализирана прекугранична воздушна операција на областа Метина пак, еа уништени цели на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле употребувани како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.



Слични вести