Претседателот Ердоган: Посакувам од младите да го заживеат духот од 19 мај исто како во првиот ден

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во градот Самсун посака од младите да го заживеат духот од 19 мај исто како во првиот ден

1204006
Претседателот Ердоган: Посакувам од младите да го заживеат духот од 19 мај исто како во првиот ден

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемониите по повод 100 годишнината од 19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот кои што се одржаа на скелата Тутун во градот Самсун од каде што големиот лидер и основоположник на Република Турција Мустафа Кемал во 1919 година ја започна народноослободителната борба. 

Ердоган посака од младите да го заживеат духот од 19 мај со истата негова возбуда како во првиот ден. 

Тој рече дека од 19 мај од Самсун ќе бидат започнати низа манифестации по повод 100 годишнината кои што што ќе траат до 29 октомври 2023 година.

Велејќи дека најголемиот геноцид во историјата е извршен врз турскиот народ при повлекувањето на Османлиската држава од Балканот, претседателот Ердоган појасни дека турскиот народ и покрај толку доживеаната длабока болка никогаш не западнал во грешка да заличи на својот непријател.

Ердоган напомена дека се уште не заврши бранот напади врз безбедноста и економијата на земјата, во врска со што рече: "Секојдневно уништуваме по една стапица која се поставува пред нашата земја одвнатре и однадвор, и го обновуваме нашиот елан за посилна иднина."

Велејќи "Онака како што Гази Мустафа Кемал на 19 мај ја водеше својата борба со верување само во Севишниот и народот, не придавајќи им значење на оние кои потклекнаа пред окупацијата и кои решението (спасот) го бараа во протекторатот, и ние делуваме на ист начин", претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно посака од младите да го заживеат духот од 19 мај со истата негова возбуда како во првиот ден.



Слични вести