Чавушоглу: Терористичките напади во последно време потсетуваат на големината на заканата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека терористичките напади кои што се реализираат во последно време потсетуваат на големината на заканата

1203563
Чавушоглу: Терористичките напади во последно време потсетуваат на големината на заканата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Финска, Хелсинки, говореше на седницата на претседателите на делегациите на 129. состанок на Министерскиот комитет на Советот на Европа. 

Чавушоглу истакна дека терористичките напади кои што се реализираат во последно време ширум светот потсетуваат на големината на заканата.

Велејќи дека се приклучува кон повикот во извештајот подготвен од страна на генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд во рамките на состанокот, а во однос на "Борбата против дискриминација во Европа и зајакнувањето на политиките за еднаквост (рамноправност)". 

Чавушоглу рече: "Нашата демократија е под ризик пред овие тенденции. Се прошируваат нападите врз местата за верски обреди (богослужба). Терористичките напади во Нов Зеланд и Шри Ланка, нападот на џамија во Соединетите Американски Држави (САД) и слични напади во Европа, потсетуваат на големината на заканата. Освен тоа му придаваме вредност и на значењето што им се придава на социјалните права во извештајот., меѓутоа доколку не постојат погодни програми за заштита од дискриминација, на пример нема да бидат премногу значајни (социјалните права) доколку вашата апликација за вработување биде одбиена поради вашето име, бојата на вашата кожа или хиџабот."

Освен тоа, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека треба да претставуваат заедничка одговорност решавањето на судирите по мирољубиви патишта и почитувањето на територијалниот интегритет на државите членки на Советот на Европа.



Слични вести