Средба на Мевлут Чавушоглу со неговиот германски колега Хеико Мас во Хелсинки

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со остварената средба со својот германски колега Хеико Мас, во финскиот главен град Хелсинки, сподели објава преку социјалните медиуми

1203234
Средба на Мевлут Чавушоглу со неговиот германски колега Хеико Мас во Хелсинки

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Финска, Хелсинки, каде што престојува, се состана со својот германски колега Хеико Мас.

Чавушоглу во објавата што ја сподели преку социјалните медиуми, во врска со остварената средба со Мас, напиша: „Со Германија во наредниот период ќе оствариме состаноци на Механизмот за стратешки дијалог помеѓу нашите министерства и Меѓувладин состанок за консултација.“

Мевлут Чавушоглу сподели објава и во врска со состанокот на Министерскиот комитет на Советот на Европа во Хелсинки, каде што меѓу другото го напиша следното. „Советот на Европа треба да избегнува од нови поделби во Европа. Не треба да дозволи да се политизираат експертските механизми. Треба да водиме заедничка борба против непријателството кон странците, антиисламизмот, антисемитизмот, говорот на омраза и популизмот.“

 



Слични вести