Чавушоглу: Контролата со С-400 кои ќе бидат купени од Русија ќе биде кај Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека контролата со противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ќе бидат купени од Русија ќе биде кај Турција

1202635
Чавушоглу: Контролата со С-400 кои ќе бидат купени од Русија ќе биде кај Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата официјална посета на Летонија одржа заедничка прес конференција со својот летонски колега Едгардс Ринкевич.

Во оваа пригода Чавушголу направи проценка во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400 и одговори на тврдењето на Соединетите Американски Држави (САД) дека С-400 претставуваат закана за борбените авиони Ф-35.

Тој рече дека контролата со противвоздушно одбранбените системи С-400 кои ќе бидат купени од Русија ќе биде кај Турција.

Велејќи „Во Сирија има С-400 под контрола на Русија. Американските авиони, израелските Ф-35'тки прдолжуваат да летаат во ова подрачје. С-400 се распоредени и на норвешката граница и овде летаат норвешки Ф-35'тки.“ Чавушоглу нагласи дека тврдењата на Соединетите Американски Држави (САД) не ја одразуваат вистината.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушгоглу напомена дека оваа проценка треба да се реализира од страна на техничари и продолжи со следните зборови: „Ние им доставивме предлог на Американците и НАТО. Предложивме да се формира заедничка техничка работна група. Посакавме оваа проценка да ја направат тие, посакавме оваа група да ги сподели со нас своите наоди и да направи проценка на тврдењата на нашиот сојузник САД.“ 

 



Слични вести