Чавушоглу ги заврши своите разговори во Летонија и замина за Финска

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средбите и разговорите во Летонија, замина за главниот град на Финска, Хелсинки, каде што ќе учествува на состанокот на Министерскиот комитет на Советот на Европа

1202752
Чавушоглу ги заврши своите разговори во Летонија и замина за Финска

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори со Летонија освен со својот летонски колега Едгардс Ринкевич се состана и со претседателката на Парламентот на Летонија Инара Мурниесе и вицепремиерот и министер за одбрана Артис Пабрикс. 

Како што се дознава на средбата со летонскиот вицепремиер и министер за одбрана Артис Пабрикс која беше затворена за медиумите било разговарано за билатералните односи.

Чавушоглу ја посети и претседателката на Парламентот на Летонија Инара Мурниесе во парламентарната зграда.

Во оваа пригода Мевлут Чавушоглу го изрази своето задоволство од престојот во Летонија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средбите и разговорите во Летонија, замина за главниот град на Финска, Хелсинки, каде што ќе учествува на состанокот на Министерскиот комитет на Советот на Европа.

Чавушоглу во Хелсинки ќе учествува на церемонијата што ќе се одржи по повод 70. годишнина од формирањето на Светот на Европа, а потоа на неформалниот деловен ручек чиј домаќин ќе биде привремениот претседавач на Министерскиот комитет, ќе се состане со претседателите на другите делегации.



Слични вести