Амбасадата на Турција во Вашингтон приреди ифтар

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич укажа на тоа дека врските помеѓу американските муслимани и турското општество постепено зајакнуваат и нагласи дека овие видови организации имаат мошне специјално значење

1202274
Амбасадата на Турција во Вашингтон приреди ифтар

Амбасадата на Турција во Вашингтон во Американскиот центар за верски прашања приреди ифтар за идејните водачи на американските муслимани и за дипломатскиот кор на некои земји кои се наоѓаат во главниот град на САД, Вашингтон.

На ифтарот освен водечките имиња на американската муслиманска заедница како генералниот секретар на Советот на муслиманските организации на САД (USCMO) Усаме Џемал, претседателот на Советот на американско-исламските односи (USCMO) Нихад Авад и претседателот на Институцијата за исламска помош Енвер Хан, учествуваа и амбасадорите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Пакистан, Бангладеш и Гамбија.

Амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич во својот говор што го одржа пред присутните укажа на тоа дека врските помеѓу американските муслимани и турското општество постепено зајакнуваат и нагласи дека овие видови организации имаат мошне специјално значење.

Алудирајќи на извршените напади врз џамии во Нов Зеланд пред извесно време, амбасадороот Килич подвлече дека исламофобичните реторики му наштетуваат на целиот свет и истакна дека секој треба да биде буде пред овие реторики.

Освен тоа, амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич го изнесе и жалењето од нападот врз џамијата на Претседателството за верски прашања „Дијанет“ во Њу Хавен во сојузната држава Конектикат во која беше подметнат пожар и притоа истакна дека овие видови напади не би требало да имаат свое место во Соединетите Американски Држави (САД).

Потоа и учесниците на ифтарот во своите говори кои што ги одржаа ги изнесоа своите размислувања во однос на зголемувањето на единството меѓу муслиманите кои живеат во САД и сето она што би можело да се направи за зближување со турската заедница.



Слични вести