Во напад на терористите кај градот Хаќќари животот го зауби еден турски војник

Во вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и терористите на ПКК кои се обиделе да се префрлат во близина на населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари, животот го загуби еден турски војник

1201071
Во напад на терористите кај градот Хаќќари животот го зауби еден турски војник

Во извршен напад од страна на терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во близина на населеното место Јуксекова кај градот Хаќаќри, на турско-ирачката граница, животот го загуби еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Губернијата на Хаќќари се истакнува дека дојде до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и терористите на ПКК кои се обиделе да се префрлат на областа на воената база Батинтепе во секторот Авашин кај населеното место.

Во соопштенеито се вели следното: „Во вооружената престрелка до која дојде по обидот за префрлување на припадниците на сепараристичко-терористичката организација во областа на воената база Батинтепе во секторот Авашин кај Јуксекова, стана шехид (животот го загуби) постариот пешадиски водник Зекерија Зенџирли.“



Слични вести