Реакции од Чавушоглу и Челик против подметнатиот пожар во џамијата „Дијанет“ во Њу Хавен во САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и портпаролот на владејачката АК Партијата Омер Челик покажаа реакција против подметнатиот пожар во џамијата на Претседателството за верски прашања „Дијанет“ во градот Њу Хавен во САД

1200734
Реакции од Чавушоглу и Челик против подметнатиот пожар во џамијата „Дијанет“ во Њу Хавен во САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата објава на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против подметнатиот пожар во џамијата на Претседателството за верски прашања „Дијанет“ во градот Њу Хавен во Соединетите Американски Држави (САД).

Чавушоглу истакна дека подметнувањето пожар во џамијата за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан претставува нов пример на растешкото непријателство кон исламот во светот.

Тој во својата објава напиша: „Нашата единствена утеха е тоа што нема човечки загуби. Во најскоро време треба да бидат пронајдени и казнети извршителите на овој подол напад. Треба да водиме сеопфатна борба против антиисламизмот и расизмот.“

Реакција во врска со настанот пристигна и од портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик  кој исто така сво својата објава што ја сподели на Твитер истакна дека оние кои поради политички или идеолошки причини ги изоставуваат од вид овие напади, остануваат посматрачи пред огнот на омразата кој што ќе ги зафати и нив самите.

Челик во својата објава на Твитер напиша: „Џамијата на Дијанет која се наоѓа во градот Њу Хавен во сојузната држава Конектикат во САД, е опожарена за време на Рамазан, месецот на мирот и благосостојбата. Оние кои вршат непријателство кон исламот ги трујат сите човечки вредности.“ 

 

 

 



Слични вести