Продолжува најголемата воена вежба на Турција на три мориња „Морски волк 2019“

Вчера од фрегатите, десантните чамзи и корветите изградени во рамките на проектот МИЛГЕМ, беа испалени истрели кон поставени цели на копното

1200752
Продолжува најголемата воена вежба на Турција на три мориња „Морски волк 2019“
tatbikat deniz kurdu.jpg

Вчера на три мориња кои го обиколуваат Анадолското копно (Црното Море, Источниот Медитеран и Егејското море) со учество на 131 брод, 57 авиони и 33 хеликоптери на Командата на поморските сили на Турција започна воената вежба „Морски волк 2019“, едната од најголемите планирани воени поморски вежби во историјата на Републиката.

Воените бродови кои што вчера отпловија од Командата на главната поморска база во Ѓолџук, синоќа преминаа преку морскиот теснец Чанаккале и заедно пристигнаа на местото каде што ќе ги реализираат обуките за палба.

Од фрегатите, десантните чамзи и корветите изградени во рамките на проектот МИЛГЕМ, беа испалени истрели кон поставени цели на копното.

По завршување на палбите конн поставени цели на копно во текот на вчерашниот ден, ќе се реализираат палби и кон поставени цели над морето и маневри во морето.

Во рамките на воената вежба во заливот Сарос од страна на фрегатата ТЏГ Салихреис беа испалени истрели со бомбардирање на копно. Беа гаѓани две одделни утврдени цели на оддалеченост од 10 километри. Со испалените 10 топовски салво истрели беше уништена првата цел, а потоа и втората цел.

Овдешната обука беше завршена успешно.

Во рамките на воената вежба од 17 до 21 мај во водите на Црното Море, Егејското Море и Средоземното Море во ист момент ќе се реализира делот за слободна игра кој содржи сценарија во кризни и воени периоди.

За време на воената вежба „Морски волк 2019“, од 21 до 24 мај од страна на вкупно 85 бродови кои ќе учествуваат на вежбата со тоа што ќе бидат опфатени сите крајбрежја на Црното Море, Егејското Море и Источниот Медитеран, од Хопа до Искендерун, ќе бидат посетени 31 домашни и 2 странски пристаништа. Освен тоа, бродовите ќе бидат отворени за посета на граѓаните и ќе бидат пречекани семејствата на шехидите (загинатите војници) и газиите (ветераните).

Воената вежба „Морски волк 2019“ во текот на која се преземени секој вид мерки за заштита на молрскиот свет и средината во која живеат, ќе заврши на 25 мај.



Слични вести