Ердоган и Путин разговараа телефонски за ситуацијата во подрачјето на Идлиб во Сирија

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека режимските сили се обидуваат да ја саботираат турско-руската соработка во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1200533
Ердоган и Путин разговараа телефонски за ситуацијата во подрачјето на Идлиб во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Деталите на телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Путин ги соопшти шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун кој во врска со тоа сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Според тоа, претседателот Ердоган му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека режимските сили се обидуваат да ја саботираат турско-руската соработка во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Во телефонскиот разговор освен билатералните односи беа разгледани и последните случувања во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, при што претседателот Ердоган истакна дека прекршувањата на прекинот на огнот од страна на режимот кон Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб, во последните две недели достигна до загрижувачки димензии и дека не може да се појасни со борба против тероризмот тоа што освен врз цивилите се извршуваат напади и се оштетуваат и училиштата и болниците.

Укажувајќи на тоа дека цел на режимот е да ја саботира турско-руската соработка во Идлиб и да му наштети на духот од Астана, Ердоган привлече внимание дека порастот на затегнатоста во Идлиб го доведува во ризик и формирањето на Уставотворниот комитет како и резултирањето со неуспех на политичкиот процес.

Во телефонскиот разговор и двајцата лидери ја потврдија приврзаноста кон спогодбата од Сочи.

Претседателот Ердоган истакна дека досега е постигнат значаен напредок во применувањето на спогодбата од Сочи и дека спротивно на тоа нападите до кои што доаѓа би можеле да им наштетат на заедничките цели. 

Како последно, претседателот Ердоган во остварениот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин се осврна и на присутната владина криза во Босна и Херцеговина и притоа напомена дека се верува оти зголемувањето на соработката на овој регион со меѓународните организации, е од витално значење за мирот и стабилноста.



Слични вести