Акар оствари телефонски разговор со Шојгу

Главна тема на разговорот беа последните случувања во Идлиб и мерките коишто ќе се преземат за намалување на напнатоста во регионот

1200902
Акар оствари телефонски разговор со Шојгу

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Шојгу. Главна тема на разговорот беа последните случувања во Идлиб во Сирија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството беше истакнато дека министерот Акар оствари телефонски разговор со рускиот колега Шојгу.

Главна тема на разговорот беа последните случувања во Идлиб и мерките коишто ќе се преземат за намалување на напнатоста во регионот како и регионалната безбедност согласно меморандумот за разбирање потпишан во октомври во рускиот град Сочи.



Слични вести