Стартува воената вежба Морски волк

Турските поморски сили подготвителната обука на оперативно ниво ја завршија со вежбата „Сина татковина 2019“

1199968
Стартува воената вежба Морски волк

Денес во трите мориња кои го обиколуваат Анадолското копно (Источниот Медитеран, Егејското море и Црното Море) со учество на 131 брод, 57 авиони и 33 хеликоптери стартува најголемата планирана воена поморска вежба „Морски волк 2019“ во историјата на републиката.

Вежбата се одржува во рамките на годишната програма на Генералштабот под команда на Командата на поморските сили на Турција и Центарот за поморски војни и тоа е прва вежба која истовремено се одржува на три мориња.

Турските поморски сили подготвителната обука на оперативно ниво ја завршија со вежбата „Сина татковина 2019“, поради што овојпат со помасовно учество се остварува воената вежба „Морски волк“ чија цел е јакнење на нивото на оспособеноста и капацитетот во кризно напнати ситуации,  како и усогласување на стратегиите и оперативното ниво во воена состојба.



Слични вести