Одговор од Алтун на тврдењето на германскиот новинар на Билд: Постапката за С-400 е завршена

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун на тврдењето на германскиот новинар на "Билд" дека Турција нема да ги купи противвоздушно одбранбените системи С-400 од Русија одговори дека постапката во врска со тоа е завршена

1199251
Одговор од Алтун на тврдењето на германскиот новинар на Билд: Постапката за С-400 е завршена

Уредникот на германскиот весник "Билд" за надворешна политика Џулијан Ропке во објавата што ја сподели преку социјалната мрежа Твитер употреби зборови во однос на тоа дека Турција нема да ги купи од Русија противвоздушно одбранбените системи С-400.

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун пак, на овие зборови на германскиот новинар одговори со зборовите "Постапката за купување на С-400 е завршена."

Германскиот новинар Џулијан Ропке во својата објава преку Твитер истакна дека според изјавата на дипломатски извори за "Билд", претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нема да го купи С-400. 

Фахреттин Алтун во својата објава преку социјалната мрежа Твитер напиша: "Драг Џулијан, вашите извори се погрешни. Информацијата да ја добиете од мене: Постапката за купување на С-400 е завршена." 



Слични вести