Во терористички напад кај градот Игдир на турско-иранската граница загина еден турски војник

Денеска во утринските часови од страна на терористите беше извршен напад врз турските војници во областа Дилуџу на турско-иранската граница, во кој беше употребен и експлозив од рачна изработка, при што еден турски војник загина, а еден војник е ранет

1198703
Во терористички напад кај градот Игдир на турско-иранската граница загина еден турски војник

Во терористички напад во областа Дилуџу кај градот Игдир во близина на турско-иранската граница животот го загуби еден турски војник, а еден војник е ранет.

Според добиени информации од безбедносни извори, денеска во утринските часови од страна на терористите беше извршен напад врз турските војници во областа Дилуџу на турско-иранската граница, во кој беше употребен и експлозив од рачна изработка.

Во нападот беа ранети двајца турски војници, од кои еден им подлегна на раните и го загуби животот.

Другиот ранет војник е префрлен на лекување во Државната болница во градот Игдир.

Операцијата против терористите во областа продолжува.



Слични вести