Во операција кај Тунџели се неутрализирани 6 терористи на ПКК, од кои двајца од т.н. водечки кадар

Меѓу неутрализираните 6 мина терористи се наоѓаат и двајца барани терористи од водечкиот кадар на сепаратистичко-терористичката органзиација ПКК

1198719
Во операција кај Тунџели се неутрализирани 6 терористи на ПКК, од кои двајца од т.н. водечки кадар

Во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на градот Тунџели во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани 6 мина терористи меѓу кои се наоѓаат и двајца барани терористи од водечкиот кадар.

За време на операцијата против терористите кои се подготвувале за напад во руралното подрачје на градот Тунџели дојде до вооружена претсрелка со терористите во која беа неутрализирани 6 мина терористи.

При идентификување на убиените беше установено дека двајца од нив биле од водечкиот кадар и се наоѓале на списокот на барани терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Установено е дека едниот од нив бил терористот Џелал Каја познат под кодното име „Доган-Серхат“ кој бил одговорен за таканаречениот источен фронт и кој се наоѓал во синиот список на барани терористи по кого била распишана награда од 1,5 милиони турски лири (приближно 220 илјади евра).

Вториот неутралиизран терорист бил Хајдар Ѓул познат под кодното име „Баран“ кој се наоѓал во списокот со терористи означен со портокалова боја.

Операциите во областа продолжуваат.



Слични вести