На барање на Чавушоглу од Лавров нападите во Идлиб се сопрени
Откако министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу побара од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да бидат сопрени нападите во подрачјето на градот Идлиб и нападите беа сопрени

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу побара од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да бидат сопрени нападите врз подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија.
Според добиени информации од дипломатски извори, министерот Чавушоглу вчера побара од својот руски колега Лавров да бидат сопрени нападите во Идлиб.
По ова, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров информира дека вчера наутро се прекинати нападите.
Инаку, жестоките напади кои што ги реализираа Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија врз подрачјето на градот Идлиб завчера се намалија.
Поради растечките напади кои што се реализираат од страна на Асадовиот режим и Русија во последните недели врз Идлиб кој во процесот од Астана под гаранторство на Турција и Русија беше прогласена за зона за намалување на затегнатоста, илјадници лица беа принудени да се иселат.
Слични вести

Претседателот Ердоган: Ја продолжуваме изградбата на голема и силна Турција
Претседателот Реџеp Тајјип Ердоган истакна дека ја продолжуваат изградбата на голема и силна Турција