Во операција на областа на планината Габар кај Ширнак загина еден турски војник

За време на операција поддржана од воздух во областа на планината Габар кај градот Ширнак вчера вечер дојде до вооружена престрелка со група терористи при што еден војник беше ранет кој потоа им подлегна на раните и го загуби животот

1196240
Во операција на областа на планината Габар кај Ширнак загина еден турски војник

За време на операција на Турските вооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа на планината Габар кај градот Ширнак загина еден војник.

Според добиени информации од безбедносни извори, за време на операцијата поддржана од воздух во областа на планината Габар вчера вечер дојде до вооружена престрелка со група терористи.

Во престрелката беше ранет еден војник кој веднаш со хеликоптер беше префлрен во Државната болница во градот Ширнак, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот.

Како што се дознава за време на операцијата е неутрализиран и еден терорист на ПКК.

Операцијата во областа продолжува.



Слични вести