Високиот изборен совет (ЈСК) донесе одлука за повторување на изборите за градоначалник на Истанбул

Граѓаните на Истанбул на 23 јуни, во недела, повторно ќе излезат да гласаат за избор на градоначалник

1196355
Високиот изборен совет (ЈСК) донесе одлука за повторување на изборите за градоначалник на Истанбул

Високиот изборен совет (ЈСК) на Турција донесе одлука за поништување и повторување на локалните избори за избор на градоначалник на Истанбул.

Според тоа, граѓаните на Истанбул на 23 јуни, во недела, повторно ќе излезат да гласаат за избор на градоначалник.

Владејачката Партија на правда и развој АКП (АК Партија) и Партијата за националистичко движење (МХП) поднесоа вонредни жалби до Високиот изборен совет (ЈСК) со барање за „поништување и повторување“ на изборите за градоначалник на Истанбул, а со образложение дека на одржаните избори на 31 март имало различни нерегуларности и незаконитости.

Високиот изборен совет (ЈСК) ги разгледа поднесените жалби и со мнозинство гласови со 7 спрема 4 гласа, донесе одлука за поништување и повторување на локалните избори за избор на градоначалник на Истанбул.

Освен тоа Високиот изборен совет (ЈСК) донесе одлука и за поништување на доделениот мандат на Екрем Имамоглу, кандидатот на Сојузот Миллет составен од главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) и Партијата ИЈИ.

 



Слични вести