Ердоган: Рамазан нека стане повод за добри работи за Турција, исламскиот свет и за целото човештво

Претседателот Ердоган посака месецот на постот Рамазан-и Шериф да стане повод за добри работи за Турција, исламскиот свет и за целото човештво

1196743
Ердоган: Рамазан нека стане повод за добри работи за Турција, исламскиот свет и за целото човештво

Претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) направи проценки на актуелниот дневен ред.

Ердоган посака месецот на постот Рамазан-и Шериф да стане повод за добри работи за Турција, исламскиот свет и за целото човештво.

Нагласувајќи дека месецот Рамазан воедно е и месец на потпомагање, Ердоган рече: „Исламот, како религија на мирот, го забранува секое зло, строго го забранува секој вид зулум (суровост, тиранија), а ги поттикнува добрината, убавината, добориот начин на однесување и дарувањето. Блазе си ни доколку го поминеме месецот Рамазан во оној негов вистински дух.“

Претседателот Ердоган истакна дека во овие благословени денови треба да се покаже искрен став против структурите како што се Израел кој ја пролева крвта на муслиманите, режимот на Бешар Асад во Сирија, Абдулфетах ел-Сиси кој дојде на власт во Египет со воен удар и против убијците како што е сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Укажувајќи на тоа дека 35 години како на териториите на Ирак со посредство на терористите се поставуваат стапици пред Турција, Ердоган напомена дека во последно време се фрлаат чекори во правец на насилно одземање на правата на Турција на Кипар, во Источниот Медитеран и Егејското Море.

Тој подвлече дека во позадината на тоа што, и покрај тоа што ги исполнува сите свои обврски Турција се уште не е примена во полноправно членство во Европската унија (ЕУ), се наоѓа онаа опсесивна духовна состојба.

Осврнувајќи се на тоа што Соединетите Американски Држави (САД) инсистираат своите регионални политики да ги одредуваат против интересите на Турција и постојано и се закануваат на Турција со санкции, Ердоган нагласи дека Турција и турскиот народ водат борба против честа, достоинството и правдата на целото човештво и уметот (муслиманите).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги повика сите во овие благословени денови да се молат (читаат дови) за добрата, спокојната, безбедната и просперитетната иднина на нацијата, уметот (муслиманите) и за целото човештво.

„Севишниот нам безброј пати ни навестува дека заедно со тешкотиите има и леснотии. Ќе ги искористиме на најдобар начин овие благословени денови, незаборавајќи притоа дека нашата најголема сила се нашите искрени молитви (дови) и нашите ибадети (богослужби).“

 

 



Слични вести