Сочувство од Турција до Русија поради авионската несреќа на аеродромот Шереметјево во Москва

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за големиот број загинати во авионската несреќа што се случи на аеродромот Шереметјево во рускиот главен град Москва.

1195584
Сочувство од Турција до Русија поради авионската несреќа на аеродромот Шереметјево во Москва

Турција го изрази своето сочувство до Русија поради загинатите во авионската несреќа во главниот град Москва.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за големиот број загинати во авионската несреќа што се случи на аеродромот Шереметјево во рускиот главен град Москва.

Во соопштението се вели следното: „Ја споделуваме тагата на рускиот народ и руската влада по повод овој тажен настан и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, во пожарот што избувна при итно слетување на патнички авион на аеродромот Шереметјево во главниот град на Русија, Москва, животот го загубија 41 патник.  

 



Слични вести