Продолжуваат операциите на Турските вооружени сили внатре во земјата и преку границата

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат со операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во земјата, и надвор преку границата

1195775
Продолжуваат операциите на Турските вооружени сили внатре во земјата и преку границата
magara imha.jpg

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат со операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во земјата, и надвор преку границата.

Во реализираните пребарувања на теренот во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак беа установени засолниште и скривница кои што биле користени од страна на терористите на ПКК.

Во засолништето и скривницата за кои станува збор беа пронајдени муниција за хаубици, храна и други видови материјали за обезбедување животните потреби на терористите.

Притоа безбедносните сили ги доведоа во неупотреблива состојба пронајденото засолниште и скривницата, а пронајдените материјали беа уништени.

Во реализираните операции во руралното подрачје на населените места Хозат и Оваџик кај градот Тунџели исто така беа доведени во неупотреблива состојба 8 скривници и 6 засолништа за кои што беше установено дека им припаѓаат на терористите.

Во меѓувреме, беа реализирани воздушни операции и на областите Хакурк и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак. 

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, воени авиони уништија цели кои биле користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК како наоружана позиција, засолниште, скривница и складиште за муниција.



Слични вести