Претседателот Ердоган остро го осуди нападот на Израел врз канцеларијата на Anadolu Agency во Газа

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган остро го осуди израелскиот напад на канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа

1195055
Претседателот Ердоган остро го осуди нападот на Израел врз канцеларијата на Anadolu Agency во Газа

По израелскиот напад врз зградата во која се наоѓа и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон генералниот директор на Anadolu Agency Шенол Казанџи.

Ердоган рече: „Остро го осудуваме нападот на Израел врз канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа.

Потоа почнаа да пристигнуваат соопштенија и изјави со осуда против нападот и од страна на министри и голем број високи функционери на различни институции. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека бомбардирањето на зградата во која е сместена канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа од страна на израелската армија е нов показател на агресијата на Израел.

Чавушоглу напомена дека насилството кое го врши Израел е злосторство против човештвото. 

Тој во својата објава на социјалната мрежа Твитер напиша: „Бомбардирањето на зградата на Новинската агенција Анадолија АА е нов показател на агресијата на Израел. Насилството кое го врши Израел е злосторство против човештвото. Колку што Израел е одговорен за нападот, толку се одговорни и тие кои го охрабруваат Израел. И кога би останале сами во светот, до крај ќе бидеме во одбрана на палестинската кауза.“

Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен исто така го осуди израелскиот напад врз зградата во која се наоѓа и канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency). 

Ибрахим Ерен во својата објава на Твитер напиша: "Остро го осудувам нападот со ракети врз канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА во Газа, од страна на израелската армија која продолжува да врши злосторство против човештвото.

 



Слични вести