Израелската армија ја погоди канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА во Газа

Израелската армија ја погоди канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) во Газа

1195048
Израелската армија ја погоди канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА во Газа

Израелската армија изврши воздушен напад во Појасот Газа.

Меѓу погодените објекти се наоѓа и зградата во која се наоѓа канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency). 

Новинарот на Новинската агенција АА во Газа известува дека израелските сили извршиле предупредувачки напад врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на АА во Газа. 

По предупредувачкиот напад, вработените на АА веднаш ја напуштиле зградата, а со себе зеле сè што можеле во тој момент. 

Извесно време потоа, израелските воени авиони со најмалку 5 ракети извршиле воздушен напад врз оваа зграда, како резултат на што зградата е целосно срушена. 

Се вели дека вработентие на АА се во добра состојба, а сè уште нема конкретни информации дали има жртви во нападот.

Палестинската Влада се огласи по повод нападот и истакна дека погодувањето на канцеларијата на Новинската агенција Анадолија АА (Аnadolu Аgency) во Газа е обид за отстранување на сведоците, и подготовка за масакрот на Израел во Газа.

Инаку, израелската армија, како одговор на ракетите истрелани од Газа, денеска попладне започна воздушни напади вќна Појасот Газа.

Во нападите загинаа тројца Палестинци, меѓу кои едно бебе и една бремена жена, додека најмалку 12 лица се повредени.



Слични вести