Ердоган синоќа приреди свечена вечера во Истанбул во чест на своите странски гости

Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во Дворецот Вахдеттин во Истанбул приреди свечена вечера во чест на странските државници и други значајни гости кои беа поканети по повод свеченото отворање на Големата Џамија Чамлиџа

1194890
Ердоган синоќа приреди свечена вечера во Истанбул во чест на своите странски гости

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа приреди свечена вечера во чест на шефовите на држави и премиерите на влади и други значајни странски гости кои вчера во Истанбул учествуваа на свеченото отворање на Големата Џамија Чамлиџа.

Ердоган своите високи гости од Авганистан, Албанија, Босна и Херцеговина, Палестина, Гвинеја, Киргистан, Нигер, Нигерија, Пакистан, Сенегал, Сомалија и Тунис ги пречека во Дворецот Вахдеттин.

Свечената вечера беше затворена за медиумите. 

По вечерата претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со албанскиот претседател Илир Мета, претседателот на Гвинеја Алфа Конде, претседателот на Сенегал Маки Сал, палестинскиот премиер  Мухамед Ибрахим Иштије, претседателот на Извршната делегација на Авганистан Абдула Абдула, членот на претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и претседателот на Собранието на Народите на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ.



Слични вести