Ердоган: Извозот во април со раст од 5,4 отсто достигна до 15 милијарди долари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека извозот на Турција во април во споредба со истиот месец минатата година со раст од 5,4 отсто достигна до 15 милијарди 273 милиони долари

1194775
Ердоган: Извозот во април со раст од 5,4 отсто достигна до 15 милијарди долари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  и Конгресниот центар во Истанбул говореше на церемонијата на доделување на наградите Иновалинг Неделата на иновацијата на Турција. 

Ердоган истакна дека извозот на Турција  минатиот месец (април) во споредба со истиот месец минатата година со раст од 5,4 отсто достигна до 15 милијарди 273  милиони долари.

Велејќи "За да би достигнале до нашите цели за 2023 година треба да ја зголемиме додадената вредност на извозот што го реализираме", Ердоган рече: "Нашиот извоз заклучно со минатиот месец во споредба со истиот месец минатата година со раст од 5,4 достигна до 15 милијарди 273 милиони долари, а нашиот увоз се намали за 14,6 отсто и опадна на 18,1 милијарди долари. На тој начин нашиот дефицит на надворешната трговија со пад од 57,8 отсто изнесуваше 2 милијарди 831 милион долари. Процентот на покривање на нашиот извоз со нашиот увоз во месец април минатата година изнесуваше 68,3 отсто, додека истиот месец (април) оваа година овој процент се зголеми на 84,4 отсто."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече:"Никој од нас нема да застане, нема да се одмори се додека да обезбедиме Турција да ги постигне своите цели за 2023 година."



Слични вести