Фахреттин Алтун: Ќе продолжиме да инсистираме САД да престанат да се кријат зад слободата на печатот

Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на Твитер, на објавата на амбасадата на САД во Анкара одговори со зборовите „Ќе продолжиме да инсистираме во однос на прашањето САД да престанат да се кријат зад слободата на печатот.“

1194603
Фахреттин Алтун: Ќе продолжиме да инсистираме САД да престанат да се кријат зад слободата на печатот

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун, одговори на споделената објава од страна на амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, на Денот на слободата на печатот.

Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својата сметка исто така на Твитер одговори со зборовите „Ќе продолжиме да инсистираме во однос на прашањето САД да престанат да се кријат зад слободата на печатот.“

Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, на Денот на слободата на печатот сподели објава во која се вели следното: „Ќе продолжиме да упатуваме повик до Турција да покажува почит кон слободата на изразување, гаранцијата за праведно судење и независноста на судството, и истите да бидат ставени под гаранција.“

Одговорот на Фахреттин Алтун, шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун пак, гласеше: „Ќе продолжиме да инсистираме во однос на прашањето САД да престанат да се кријат зад слободата на печатот. Вашингтон наместо да ги обвинува другите земји треба да се фокусира на своите проблеми кои што продолжуваат веќе долго време, како што се прекумерната сиромаштија и расната дискриминација.“



Слични вести