Акар: Нема да се прифати било каква терористичка закана против Турција, од северниот дел на Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека нема да се прифати било каква терористичка закана против Турција од источниот дел на реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија

1194497
Акар: Нема да се прифати било каква терористичка закана против Турција, од северниот дел на Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во програмата на еден приватен телевизиски канал одговараше на поставените прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Акар истакна дека нема да се прифати било каква терористичка закана против Турција од источниот дел на реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија.

„Нашето барање од нашиот, пријател, сојузник, стратешки партнер Соединетите Американски Држави (САД) е што поскоро да биде истерана од подрачјето ЈПГ која нема никаква разлика од сепаратистичко-терористичката организација ПКК, да се собере оружјето со кое располага и да се носи најмалку 30-40 километри, јужно од нашите граници.“ - рече Акар.

Тој нагласи дека контролата на безбедната зона која што ќе се формира во Сирија треба да биде кај Турција.

Во врска со тврдењата околу тоа дека противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 кој што Турција ќе го купи од Русија ќе ја доведе во опасност безбедноста на борбените авиони Ф-35, Хулуси Акар рече: „Ф-35 и С-400 на било каков начин нема да влијаат еден на друг. Ги презедовме сите неопходни мерки во врска со тоа, а сме поготвени и да ги преземеме.“

Акар воедно истакна дека продолжуваат и проценктите во врска со набавката на системите Патриот од Соединетите Американски Држави (САД). 

Осврнувајќи се на присуството на ЈПГ/ПКК во подрачјето на Тел Рифат во Сирија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Постојат одредени ветувања кои што ни ги даде Русија во однос на тоа дека ќе бидат истерани од таму терористите членови на ЈПГ, но за жал досега не го остварија тоа.“



Слични вести