Турција го осуди бомбашкиот напад врз полицијата во Индија

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи беше осуден вчерашниот бомбашки напад врз автобус кој превезувал полицајци во провинцијата Махараштра, во западниот дел на Индија, во кој загинаа 15 полицајци и еден цивил

1193862
Турција го осуди бомбашкиот напад врз полицијата во Индија

Турција го осуди бомбашкиот напад врз припадниците на полицијата во Индија.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се вели следното: „Со жалење е дочекано гинењето на голем број лица во бомбашкиот напад врз автобус кој превезувал полицајци во провинцијата Махараштра, во Индија. Го осудуваме нападот и го изразуваме нашето сочувство до блиските на загинатите и до индискиот народ и индиската влада.“

Инаку, вчера беше експлодирана експлозивна направа во моментот на поминување на автобус кој превезувал полицајци специјалци во провинцијата Махараштра, во западниот дел на Индија, при што животот го загубија 15 полицајци и еден цивил.



Слични вести