Претседателот Ердоган: Во наредниот период можеме да фрлиме потпис на уште многу поголеми успеси

Претседателот Ердоган истакна дека успесите кои што ги реализира Турција во средина на стабилност и доверба во текот на 17 години укажува на тоа дека во наредниот период може да се фрли потпис на уште многу поголеми успеси

1193872
Претседателот Ердоган: Во наредниот период можеме да фрлиме потпис на уште многу поголеми успеси

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Анкара говореше на 75. Генерална седница на Унијата на турските комори и берзи (ТОББ).

Ердоган истакна дека успесите кои што ги реализира Турција во средина на стабилност и доверба во текот на 17 години укажува на тоа дека во наредниот период може да се фрли потпис на уште многу поголеми успеси.

Нагласувајќи дека со играње игри над турската економија со посредство на девизниот курс се водат обиди за создавање на негативна средина, Ердоган рече: „Причината на стапиците кои што се поставуваат едно по друго пред нашата земја и нашиот народ, е да се принуди нашата земја да потклекне и политички и економски.“

Тој истакна дека за дополнителни 2,5 милиони вработувања е излезено на пат со слоганот „Ова е Турција, овде има работа“ и рече: „Прелиминарните податоци укажуваат на раст од 100 илјади лица во вработувањето во првиот квартал од оваа година. Тоа е значајна бројка која покажува дека повторно преминуваме кон раст.“  

„Се наоѓа во рацете на сите нас да го продолжиме овој голем успех и оваа приказна на успех кои што ги напишавме за 17 години, како влада и како деловен свет.“ - посочи Ердоган.

Тој напомена дека одредени средини се во обид да создадат негативна атмосфера и рече: „Заедно ќе ја извојуваме оваа победа против оние кои сакаат да ја вовлечат Турција во спиралата на девизниот курс, каматните стапки и инфлацијата.“

Велејќи дека сите показатели укажуваат на тоа оти повторно е влезено во тренд на раст, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Одлучни сме сигурно да ги намалиме на погодно ниво девизниот курс, каматните стапки и инфлацијата. Веќе ги решивме нивните игри, научивме како ќе преземеме мерки. Шифрите се решени. Отсега веќе не е можно толку лесно да се појават така мошне болни бранувања.“  

 



Слични вести