Министерот за национална одбрана Хулуси Акар остварува средби во рамките на ИДЕФ'19 во Истанбул

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар 14. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ'19) во Истанбул оствари одделни средби со италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента и со заменикот генерален секретар на НАТО Камил Гранд

1193994
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар остварува средби во рамките на ИДЕФ'19 во Истанбул

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на 14. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ'19) кој инаку се вбројува меѓу водечките активности за одбранбена индустрија во светот и кој се одржува во Истанбул, остварува и низа средби и разговори со свои колеги од различни земји и со странски делегации.

Акар оствари одделни средби со италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента и со заменикот генерален секретар на НАТО Камил Гранд.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар воедно ги прошета и штандовите на фирмите кои учествуваат на саемот и извесно време разговараше со воените ученици (питомци) на штандот на Универзитетот за национална одбрана.



Слични вести