Мевлут Чавушоглу: Проблемите во Венецуела можат да се решат преку дијалог

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е против воените удари и воените интервенции и дека проблемите во Венецуела можат да се решат преку дијалог

1193992
Мевлут Чавушоглу: Проблемите во Венецуела можат да се решат преку дијалог

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со својот парагвајски колега Луис Алберто Кастиљони со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Во оваа пригода Чавушоглу се осврна на обидот за воен удар во Венецуела во врска со кој истакна дека Турција е против воените удари и воените интервенции и дека проблемите во Венецуела можат да се решат преку дијалог.  

Чавушоглу рече: „Евентуалната воена интервенција ќе ја пролее крвта на венецуелскиот народ. Промената на власта со насилно наметнување од надвор ќе ја води Венецуела кон хаос.“ 

Осврнувајќи се и на разговорите со Соединетите Американски Држави (САД) по прашањето на Сирија, Мевлут Чавушоглу рече: „Располагаме со Сили на задача кои ги разгледуваат сите прашања вклучувајќи го и повлекувањето на САД од Сирија или намалувањето на бројот на своите војници и безбедната зона (на границата со Турција). Би можеле да кажеме дека благодарение на размената на мислења постои приближување.“

Чавушоглу во врска со санкциите на Соединетите Американски Држави (САД) врз Иран рече: „Со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф разговаравме за одредени прашања во врска со размената на стоки. За нас не се гледа за можно во кусо време да го разноликуваме изворот на нафтата која што ја увезуваме. Рековме дека нашите рафинерии за ирачката нафта се погодни, меѓутоа воедно рековме дека нафтовот кој што доаѓа од Киркук во Џејхан е оштетен. Тој треба да се поправи. Воедно кога купуваме нафта од други трети земји исто така треба да се обнови технологијата и на нашите рафинерии. И тоа исто така си има своја цена.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу направи проценка и на случувањата во Сирија и Либија во врска со што рече: „Народот во Сирија и Либија не треба да бидат подложени на штета од судирите. Тоа што точно во период кога започнаа конференциите во Либија, Хафтар премина во напад и изврши напад врз Триполи не е состојба која што би можеле да ја прифатиме. Ние не поддржуваме било која страна. Некои велат дека Хафтар води борба против тероризмот, меѓутоа терористичките организации ја напаѓаат Владата на национално единство. Овде терористичките организации се сечиј непријател.“



Слични вести